За нас

Современ Дом АД е акционерско друштво основано во 1954 година од страна на Владата на Република Македонија како фабрика за мебел, лоцирана во Прилеп, 140 km јужно од Скопје.
Во 2002 година акциите на компанијата беа пуштени на берза, така што сега 72% од акциите се во сопственост на г-дин Ацо Дудулоски, а останатите 28% од акциите се во сопственост на други акционери, т.е. се разделени помеѓу повеќе од 400 акционери.

Приоритетна дејност на друштвото е издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп (лизинг), регистриран и во надворешниот трговски промет, како и проширување на дејноста со формирање на подружници регистрирани во Скопје и Прилеп.

Друштвото има формирано повеќе подружници во Прилеп и Скопје:
- Погон за обувки “New Shoes”-Прилеп, и “Газела“-Скопје
- Погон за производство на друг мебел- “Современ Дом”-Скопје
-Подружница “Современ Дом-Транс-Прилеп” ,Склад на стока “ЈЦС-Современ Дом”-Прилеп и др.

Во периодот од 1992 до 2003 гoдина во склоп на друштвото беше и “Бамбус Оаза” – трговија на мало со кинески производи како играчки за деца, порцелан, новогодишни и божиќни украси, мебел од бамбусово дрво и слично, со над 25 продавници низ Македонија.

Органи на управување и раководење
Друштвото е со едностепен систем на управување.
Со друштвото управува и раководи :
1.Собрание на акционери
2.Одбор на директори ( 1 извршен и 2 неизвршени членови на ОД.)
–Извршен директор – Генерален директор без ограничувања е господинот Ацо Дудулоски .

Со консолидацијата на сопственичката структура во текот на 2004 и 2005 год. се создадени основите за реален развој на компанијата. Заради одржување на употребната вредност на објектите и инфраструктурата, истите се користат за издавање под закуп, а дел постепено се адаптираат, со што се создаваат услови за организирање на современо производство.

Целите на компанијата се да се произведат, дистрибуираат и продадат производи со квалитет, дизајн и цена согласно потребите на потрошувачите, со услови за модерно, атрактивно и организирано производство.
Почнувајќи од крајот на 2011-тата година, компанијата доживува едно ново искуство во својата историја – работа со брендови замени под франшиза. За таа цел, компанијата има регистрирано свои ќерќи-компании во Македонија, Србија, Бугарија и Албанија. Повеќе за историјатот на овие компании може да најдете на www.sdbestfashion.com.

Macedonian
Subscribe to Front page feed