Годишно собрание за 2015 година

Врз основа на чл.384,387 и 388 од Законот за трговски друштва како и чл. 38 од Статутот на АД Современ Дом-Прилеп , а согласно Одлуката за свикување на Годишно Собрание на Друштвото од 27.04.2016 год. Одборот на директори на АД Современ Дом-Прилеп објавува:

Ј А В Е Н П О В И К
за учество на акционерите на АД СОВРЕМЕН ДОМ-ПРИЛЕП
на Годишно собрание за 2015 година

Седницата на Годишното собрание на АД Современ Дом-Прилеп ќе се одржи на ден 07.07.2016 (четврток) год. со почеток во 07:00 часот во Прилеп , во седиштето на Друштвото, на ул. Александар Македонски бр. 1Г/13.
За работата на Седницата на Собранието се предлага следниот :

Д Н Е В Е Н Р Е Д
Процедурален дел:
1. Верификација на списокот на акционери , односно нивни полномошници и застапници;
2. Утврдување кворум за работа;
3. Избор на претседавач на собранието,бројачи на гласови , двајца оверувачи и записничар.

Работен дел:
1. Разгледување на Годишната сметка за 2015 година
-Предлог-Одлука за усвојување на Годишната сметка за 2015 год.

2. Разгледување на финансиските извештаи за 2015 година
-Предлог-Одлука за усвојување на финансиските извешта за 2015 год.

3. Разгледување на Годишниот извештај за работата на Друштвото за 2015 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на годишниот извештај за работата на друштвото за 2015 год.

4. Донесување на одлука за распределба на чистата добивка за 2015 година.
- Предлог-Одлука за распределба на чистата добивка за 2015 година

5. Донесување на Одлука за покривање на загубите на друштвото од минатите периоди од акумулиранита добивка
-Предлог- Одлука за покривање на загубите на друштвото од минатите периоди од акумулираната добивка

6. Донесување на Одлука за исплата на дивиденда
- Предлог- Одлука за исплата на дивиденда.

7. Разгледување на ревизорскиот извештај за 2015 год. од овластениот ревизор Трио Консалтинг ДОО за 2015 година.

8. Донесување на Одлука за одобрување на работењето на членовите на органот на Управување.
-Предлог – Одлука за одобрување на работењето на членовите на органот на управување.

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.
Акционерите се должни своето учество да го пријават најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Пријавите да се достават до архива на АД Современ Дом-Прилеп –пошт.фах 100 или по електронски пат на mail@sovremen-dom.mk.
Секој акционер може да овласти полномошник за учество на Собранието со писмено полномошно за што е должен да го извести Друштвото по писмен или електронски пат.
Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред,согласно Статутот на Друштвото и ЗТД.
Материјалите за Собранието на Друштвото ,како и дополнителни информации согласно ЗТД,им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик ,секој работен ден од 12 до 13 часот во просториите на друштвото во Прилеп на ул.Александар Македонски-1Г/13), или на web страната : www.sovremen-dom.mk

Материјали за Годишно собрание за 2015 година

Undefined